Денеска во просториите на КЈП „Водовод“ и во присуство на градоначалникот Љупчо Папазов беше извршено примопредавање на раководната позиција директор на КЈП „Водовод“. За новоназначен в.д. директор од денеска е Антонио Паунов, којшто доаѓа на местото на досегашниот в.д. директор Иван Иванов.
На денешната средба и разговор, поранешниот директор на новоназначениот ги претстави проблемите со кои се соочува Комуналното јавно претпријатие и предизвиците со кои ќе се соочи во идинина, во најголем дел проблемот со снабдување со цената на електричната енергија и цената на енергенсите.
Новоназначениот директор Паунов истакна дека неговите досегашни стекнати искуства и знаења кои ги стекнал надвор од неговиот роден град Кочани, сега сите нив сака да ги искористи овде.
-Се надевам дека може да работиме заедно за подобро на претпријатието, но на бенефит на граѓаните на Општина Кочани – истакна новоназначениот в.д директор Антонио Паунов.