По вчерашното невреме кое го зафати Кочани проследено со обилни врнежи од дожд, грмотевици и силен ветер, беа предизвикани голем број штети и интервенции во кочанско.

Од ТППЕ Кочани изјавија дека постапиле по неколку претходни пријави од граѓаните и интервенирале на неколку локации во градот. Станува збор за отстранување на паднати дрвја и бандери. Поплавени биле и неколку подрумски простории, пришто ТППЕ Кочани интервенирало со испумпување на водата.

Во исто време службите на „Водовод“ од вчера работат на расчистување на улиците од наносите од невремето.