Во вторник, на 29 октомври 2019 г. во 14 ч. во кафе-барот „Класик“ во Кочани, граѓанската организација „Младите можат“ организира завршна презентација на активностите од проектот „Младински локални иницијативи“ кој се реализираше изминатата година во Кочани.

На завршната презентација ќе се дискутира и на темата како Општина Кочани може да биде пријател на младите, односно дали остварувањето и одржувањето на соработки помеѓу младите и локалната самоуправа е предизвик или можност за општествен напредок.

„Младите можат“ работеа на истражувањето на потребите на младите на локално ниво,   според пристапот: идентификувај, инспирирај, дејствувај. Целта на оваа граѓанска организација е да ги поттикне младите луѓе да бидат активни граѓани. Организацијата постои 10 години, брои 60 активни членови и над 1 000 млади кои работат на создавање решителни, способни, независни граѓани кои ќе бидат подготвени да направат позитивни промени и ќе учествуваат активно во развојот на заедницата преку младински и социјален активизам.