Општина Кочани упатува покана до сите млади и младински организации од општина Кочани и источниот регион за вклучување во развојот на локалните заедници во склоп на новоотворената Младинска канцеларија во Мултикултурниот центар во Кочани, простор каде младите ќе можат да ги споделуваат своите идеи, искуства и интереси.
Уредувањето и опремувањето на Младинската канцеларија е заедничка активност на Општина Кочани и Фондацијата за развој на локалната заедница Штип, во рамки на проектот „Направи разлика!“ имплементиран од Фондацијата за развој на локалната заедница – Штип, во партнерство со Ротари клуб Кочани и Виница и Ротари клуб Штип, финансиски поддржан од американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).
Лицe за контакт:
Бубе Спанчевска – заменик службеник за млади
070/375-731
b.spanchevska@kocani.gov.mk