Спортската сала се наоѓа во дворот на училиштата „Љупчо Сантов“ и „Св. Кирил и Методиј“, во централниот дел на градот. Градската спортска сала е со комбинирана намена: за кошарка, одбојка, борење, гимнастички спортови. Нејзината вкупна површина е 15411 м2, а корисната површина е 720 м2.

Се користи за одржување на часовите по Физичко и здравствено воспитување за учениците од двете училишта и за тренинзи на неколку спортски клубови од Кочани.