КЈП „Водовод“ го поднови возниот парк со ново возило за ископ на земја. Возилото е од британската марка „ЈЦБ“ со специјално вградена опрема за ископ, товарање и разбивање карпи и тврда подлога, едно од најсовремените и најпродаваните од овој бренд. Со своите карактеристики тоа треба да овозможи поефикасно извршување на услугите.
– Се работи за машина чија вредност е околу 4 милиони и 700 илјади денари или 77 илјади евра. Набавена е со договор за отплата на 36 месеци, со месечна обврска од околу 100 илјади денари, за што ќе се користат средства од сметката на КЈП „Водовод“. Машината има најсовремена придружна опрема, ќе придонесе да ги намалиме трошоците во одржувањето на постојната механизација, а во исто време побрзо, поредовно и поажурно да ги завршуваме нашите обврски, соопшти Љупчо Папазов, директор на КЈП „Водовод“.
Според градоначалникот Ратко Димитровски, набавката на новата машина е една од обврските што Општината ги презеде во рамките на проектот за изградба на пречистителната станица за отпадни води. Станува збор за сопственото учество на Локалната самоуправа и на КЈП „Водовод“ во целиот проект којшто чини околу 21 милион швајцарски франци.