Здружението „Благородна мисија“ во соработка со Општина Кочани и компанијата „Винчини“ од Виница, спроведоа акција за доделување новогодишни пакетчиња за децата од ранливите групи.

– Со оваа активност опфатени се деца од предучилишна возраст и лица со хендикеп. Доделивме стотина новогодишни пакетчиња, со намера на сите да им ги разубавиме претстојните празници – рече Лидија Ефтимова од „Благородна мисија“.

Здружението „Благородна мисија“ ја оцени за успешна 2015 година, според бројот и видот на реализираните активности кои пред сè се однесуваат на социјалната и здравствената заштита на населенито од Кочанско. За 2016 година најавуваат слични активности, а новина ќе биде спроведувањето на проектот „Здрав совет за здраво потомство“, којшто ќе се реализира со средства од Владата на Република Македонија, во кој целна група се младите од 13-15 години.