Договорниот орган – Општина Кочани објави оглас на ЕСЈН за доделување на договор за јавна набавка со спроведување на постапка со Барање за прибирање на понуди, која постапка се спроведува во хартиена форма и завршува со е-Аукција како последна фаза во постапката за доделувањето на договорот за јавната набавка , за предмет :
Купување на ИТ опрема и софтвер
Предметот на набавка е делив на три дела и тоа:
ДЕЛ 1- Набавка ( со испорака) на компјутерски системи
ДЕЛ 2- Набавка ( со испорака) на периферни ИТ уреди и
ДЕЛ 3- Набавка ( со испорака) на сервер
Отворањето на првичните понуди е јавно и е закажано за ден 07.03.2016 г. во 12:00 часот, во просториите на Општина Кочани, сала за состаноци, први кат.
Увид во тендерската документација заинтересираните економски оператори можат да извршат на интернет адресата на Општина Кочани: www.kocani.gov.mk
Дополнителни информации во врска со спроведувањето на постапката може да добиете на моб.тел. 072/306-083 –Татјана Крстова.