На 5 јуни во салата на Мултикултурниот центар во Кочани, Димитар Ангелов ќе приреди концерт на класична гитара.
Ангелов е ученик во Средното музичко училиште „Сергеј Михајлов“ од Штип, во класата на проф. Дејан Лазаревски, а ова е негов прв солистички концерт. На програмата се дела од Бах, Сор, Балкански, Бодановиќ.
Гостин на концертот е Давид Велков, солист на хармоника.
Концертот започнува во 19 ч.