Градоначалникот на Општина Кочани, Ратко Димитровски оствари средба со синот на војводата Славчо Анастас Абазов од Софија, на кој му ја подари едицијата од 80 историски дела преведени на македонски јазик, проект на Владата на Република Македонија, во кој учествуваше и самиот Славчо Абазов.

– Имав можност да му ја претставам и да му ја врачам комплетната едиција историски книги, во кои директно учествуваше и тој. Оттука сакам да испратам порака да не ја заборавиме историјата и луѓето кои потекнуваат одовде, бидејќи тие придонеле за ова што го имаме денес, рече градоначалникот Димитровски.

Синот на војвадата Абазов, подари значајни документи од архивата на својот татко на Музејот на македонската борба во Скопје.

Средбата беше искористена за потсетување на животот и делата на војводата Славчо Абазов, којшто потекнува од овој крај.