Општина Кочани распишува конкурс за избор на жетварска убавица во манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз 2023“

На  конкурсот  може да  се  пријават девојки кои се жители на општина Кочани и се на возраст од 16 до 20 години.

Општинската администрација ќе изврши претселекција на пријавените кандидатки. Поднесените апликации за избор на жетварска убавица ќе бидат објавени на фејсбук-страницата на Општина Кочани, а изборот ќе се одвива онлајн, односно со најмногу собрани допаѓања на апликацијата на кандидатката.

Ќе бидат доделени три награди, односно за жетварска убавица, прва и втора придружничка со награден фонд: за жетварска убавица 10.000 денари, за прва придружничка 6.000 денари и за втора придружничка 4.000 денари.

Избраната жетварска убавица и нејзините придружнички ќе бидат крунисани на една од главните вечери кои се дел од програмската манифестација, и ќе учествуваат во обичајот зажнејување.

Пријавувањето е од 27 јули до 14 август 2023 година, со доставување на пополнета Пријава и Изјава кои се прикачени во конкурсот.

Со поднесената пријава, кандидатките треба да испратат и своја фотографија во етностил.

Пријавување на: info@kocani.gov.mk

Симни пријава 

Симни изјава