Врз основа на чл.50 ст.1 т.16 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на “ бр.5/02) и член 6 од Правилникот за доделување стипендии на студенти жители на општина Кочани – Прочистен текст бр.09-331/2 од 31.01.2022година („Службен гласник на Општина Кочани“ бр.1/22), Градоначалникот на Општина Кочани на ден   25.11.2022 година распишува                                                                                                                           

КОНКУРС

за доделување на 30 стипендии на редовни студенти жители на општина Кочани

за студиската 2022/2023 година

Општина Кочани за студиската 2022/2023 година ќе додели 30 (триесет) стипендии на редовни студенти жители на општина Кочани запишани на студии од прв циклус на јавните високообразовни институции во Република Северна Македонија и тоа за следните категории на студенти: најмногу 5 (пет) стипендии за студенти од Ромската етничка заедница и студенти кои се лица со попреченост и лица со ретки болести, 10 (десет) стипендии за студенти од социјално загрозени семејства, најмногу 5 (пет) стипендии за студенти запишани на факултети за медицински науки, а останатите стипендии за студенти кои постигнале висок успех во студирањето.

Доколку на јавниот конкурс не се пријават студенти од Ромската етничка заедница и студенти кои се лица со попреченост и лица со ретки болести, студенти запишани на факултети за медицински науки или нивните пријави се оценети како неприфатливи, бројот на стипендии распределен за овие категории на студенти, Градоначалникот може да ги додели на студенти од социјално загрозени семејства пријавени по јавниот конкурс кои ги исполнуваат условите за доделување на стипендија, а според редоследот на рангирање по бодови согласно изготвената ранг-листа

            Постапката за доделување на стипендии на редовни студенти жители на општина Кочани се спроведува на начин, услови, критериуми уредени со Правилникот за доделување стипендии на студенти жители на општина Кочани – Прочистен текст („Службен гласник на Општина Кочани“ бр.1 /22).

 

  1. I. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТУДЕНТСКА СТИПЕНДИЈА

I.1. Право на стипендија имаат студенти кои се:

  • жители на општина Кочани (од градот Кочани и населените места кои припаѓаат на општина Кочани),
  • државјани на Република Северна Македонија,
  • редовни студенти запишани на студии од прв циклус на јавните високообразовни институции во Република Северна Македонија ,
  • не повторувале година во текот на студирањето,
  • не се корисници на стипендија или кредит од други институции или компании,
  • студентите кои се заинтересирани за доделување на стипендија, можат да се пријавуваат започнувајки од втората студиска година.
  • студентот кој конкурирал за два или повеќе вида на стипендии од утврдените категории согласно членот 2 од Правилникот за стипениди и ги исполнил условите за добивање, ќе му се додели стипендија само за една од утврдените категории на студенти според распределба на комисијата за стипендии.

 

  1. II. КРИТЕРИУМИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА

Со Правилникот за доделување стипендии на студенти жители на општина Кочани се утврдени посебни критериуми за доделување стипендии за секоја категорија на студенти за кои се доделува стипендија  и тоа:

II.1. Критериуми за доделување на стипендии на студенти кои постигнале висок успех во студирањето

  1. Остварен успех во текот на студирањето – најмалку 8,00 (осум).

По овој основ може да се добијат најмногу 70 бода.

Распределување на утврдените 70 бода по основ на остварен успех во текот на студирањето: кандидатот за стипендија може да добие најмногу 70 бодови, и тоа за:

  • Остварен успех од 9,51 до 10 …………………………..70 бода;
  • Остварен успех од 9,01 до 9,50 ………………………..65 бода;
  • Остварен успех од 8,51 до 9,00 ………………………..60 бода;
  • Остварен успех од 8,00 до 8,50 ………………………..55 бода;

      Овој критериум е елиминаторен, доколку кандидатот за стипендија нема остварено просечен успех во текот на студирањето од најмалку 8,00 неговата пријава ќе се оцени како неприфатлива и истата нема да биде предмет на понатамошно разгледување и бодување во постапката.

  1. Дефицитарност на кадрите- што за секоја студиска година ја утврдува со посебна одлука Градоначалникот на Општина Кочани.

По овој основ може да се добијат 5 бода.                                  

  1. Материјалните можности на студентот и неговото семејство за кој се земаат месечните примања  по член на семејството на студентот во однос на просечно исплатената плата по вработен во РСМ за последните 3 (три) месеци.

             По овој основ може да се добијат најмногу 20 бода.

При распределување на утврдените 20 бода по основ материјални можности на студентот и неговото семејство се земаат во просек материјалните можности на студентот и неговото семејство, односно вкупниот број на месечните примања (месечните нето плати и годишните приходи по разни основи прикажани во образецот од Управа за јавни приходи – приходи: од вршење на земјоделска дејност, од вршење на стопанска дејност, од вршење на самостојна дејност, од имот и имотни права, од авторски права и права на индустриска сопственост, од дивиденди, од остварени капитални добивки, од добивки од игри на среќа и други приходи) во семејството на студентот поделени по член од семејството поделени на 12 месеци, при што кандидатот може да добие најмногу 20 бода и тоа:

  • За приходи од 0 до 2.000 денари по член на семејство ……………..20 бода;
  • За приходи од 2.001 до 3.000 денари по член на семејство ……….16 бода;
  • За приходи од 3.001 до 4.000 денари по член на семејство ……….12 бода;
  • За приходи од 4.001 до 5.000 денари по член на семејство ……….10 бода;
  • За приходи од 5.001 до 8.000 денари по член на семејство …………7 бода;
  • За приходи од 8.001 до 10.000 денари по член на семејство ……….3 бода;
  • За приходи од 10.001 до 12.000 денари по член на семејство ……..2 бода;
  • За приходи од 12.001 до 15.000 денари по член на семејство ……..1 бода;
  • За приходи над 15.000 денари по член на семејство …………………..0 бода.
  1. Студент на самохран (починат/разведен) родител, студенти со посебни потреби.

По овој основ може да се добијат 5 бода.

Максималниот број на бодови кои може да ги добие студентот согласно утврдените критериуми од овој член и тоа за остварен успех во текот на студирањето – 70 бода, дефицитарност на студиските кадри – 5 бода, материјални можности на студентот и неговото семејство- 20 бода и студент на самохран родител -5 бода, изнесува вкупно 100 бода.

За усвоените бодови според утврдените критериуми од овој член комисијата изготвува посебна ранг-листа за оваа категорија на студенти, која ја доставува на градоначалникот на разгледување и одлучување.

При утврдување на ранг листата според добиените бодови за оваа категорија на студенти, при ист број на бодови предност има кандидатот со пониски материјални примања.

При ист број на бодови за кандидатите со материјални примања, предност има кандидатот кој прв ја поднел пријавата за стипендија во архивата на Општина Кочани.

II.2. Критериуми за доделување на стипендии на студенти од Ромската етничка заедница и студенти кои се лица со попреченост и лица со ретки болести

  1. Остварен успех во текот на студирањето – најмалку 6,00 (шест).

По овој основ може да се добијат најмногу 60 бода.

Распределување на утврдените 60 бода по основ на остварен успех во текот на студирањето: кандидатот за стипендија може да добие најмногу 60 бодови, и тоа за:

  • Остварен успех од 9,01 до 10 …………………………..60 бода;
  • Остварен успех од 8,01 до 9,00 ……………………….55 бода;
  • Остварен успех од 7,01 до 8,00 ………………………..50 бода;
  • Остварен успех од 6,00 до 7,00 ………………………..45 бода;
  1. Дефицитарност на кадрите – што за секоја студиска година ја утврдува со посебна одлука Градоначалникот на Општина Кочани.

По овој основ може да се добијат 5 бода.

  1. Материјалните можности на студентот и неговото семејство за кој се земаат месечните примања по член на семејството на студентот во однос на просечно исплатената плата по вработен во РСМ за последните 3 (три) месеци.

              По овој основ може да се добијат најмногу 30 бода.

При распределување на утврдените 30 бода по основ материјални можности на студентот и неговото семејство се земаат во просек материјалните можности на студентот и неговото семејство, односно вкупниот број на месечните примања (месечните нето плати и годишните приходи по разни основи прикажани во образецот од Управа за јавни приходи – приходи: од вршење на земјоделска дејност, од вршење на стопанска дејност, од вршење на самостојна дејност, од имот и имотни права, од авторски права и права на индустриска сопственост, од дивиденди, од остварени капитални добивки, од добивки од игри на среќа и други приходи) во семејството на студентот поделени по член од семејството поделени на 12 месеци, при што кандидатот може да добие најмногу 30 бода и тоа:

  • За приходи од 0 до 2.000 денари по член на семејство ……………..30 бода;
  • За приходи од 2.001 до 3.000 денари по член на семејство ……….25 бода;
  • За приходи од 3.001 до 4.000 денари по член на семејство ……….22 бода;
  • За приходи од 4.001 до 5.000 денари по член на семејство ……….20 бода;
  • За приходи од 5.001 до 8.000 денари по член на семејство ……….18 бода;
  • За приходи над 8.000 денари по член на семејство …………………….0 бода;
  1. Студент на самохран (починат/разведен) родител, студенти со посебни потреби.

По овој основ може да се добијат 5 бода.

 Максималниот број на бодови кои може да ги добие студент од Ромската етничка заедница и студенти кои се лица со попреченост и лица со ретки болести согласно утврдените критериуми од овој член и тоа за остварен успех во текот на студирањето – 60 бода, дефицитарност на студиските кадри – 5 бода, материјални можности на студентот и неговото семејство- 30 бода и студент на самохран родител -5 бода, изнесува вкупно 100 бода.

За усвоените бодови според утврдените критериуми од овој член комисијата изготвува посебна ранг-листа за оваа категорија на студенти, која ја доставува на градоначалникот на разгледување и одлучување.

При утврдување на ранг листата според добиените бодови, при ист број на бодови предност има кандидатот со пониски материјални примања.

При при ист број на бодови за кандидатите со материјални примања, предност има кандидатот кој прв ја поднел пријавата за стипендија во архивата на Општина Кочани.

Ако составувајќи ја ранг листата за оваа категорија на студенти се констатира дека остануваат недоделени стипендии истите ќе се доделат на студенти од социјално загрозените семејства пријавени по јавниот конкурс кои ги исполнуваат условите за доделување на стипендија, а според редослед на рангирање по бодови согласно изготвена ранг-листа.

II.3. Критериуми за доделување на стипендии на студенти од социјално загрозени семејства

  1. Остварен успех во текот на студирањето – најмалку 7,00.

По овој основ може да се добијат најмногу 40 бода.

Распределување на утврдените 40 бода по основ на остварен успех во текот на студирањето: кандидатот за стипендија може да добие најмногу 40 бодови, и тоа за:

  • Остварен успех од 9,01 до 10 ………………………….40 бода;
  • Остварен успех од 8,01 до 9,00 ………………………..30 бода;
  • Остварен успех од 7,00 до 8,00 ………………………..25 бода;

Овој критериум е елиминаторен, доколку кандидатот за стипендија нема остварено просечен успех во текот на студирањето од најмалку 7,00 неговата пријава ќе се оцени како неприфатлива и истата нема да биде предмет на понатамошно разгледување и бодување во постапката.

  1. Дефицитарност на кадрите што за секоја студиска година ја утврдува со посебна одлука Градоначалникот на Општина Кочани.

     По овој основ може да се добијат 5 бода.

  1. Материјални можности на студентот и неговото семејство за кој се земаат месечните примања по член на семејството на студентот во однос на просечно исплатената плата по вработен во РСМ за последните 3 (три) месеци.

              По овој основ може да се добијат најмногу 50 бода.

При распределување на утврдените 50 бода по основ материјални можности на студентот и неговото семејство се земаат во просек материјалните можности на студентот и неговото семејство, односно вкупниот број на месечните примања (месечните нето плати и годишните приходи по разни основи прикажани во образецот од Управа за јавни приходи – приходи: од вршење на земјоделска дејност, од вршење на стопанска дејност, од вршење на самостојна дејност, од имот и имотни права, од авторски права и права на индустриска сопственост, од дивиденди, од остварени капитални добивки, од добивки од игри на среќа и други приходи) во семејството на студентот поделени по член од семејството поделени на 12 месеци, при што кандидатот може да добие најмногу 50 бода и тоа:

  • За приходи од 0 до 2.000 денари по член на семејство ……………..50 бода;
  • За приходи од 2.001 до 3.000 денари по член на семејство ……….45 бода;
  • За приходи од 3.001 до 4.000 денари по член на семејство ……….40 бода;
  • За приходи од 4.001 до 5.000 денари по член на семејство ……….35 бода;
  • За приходи од 5.001 до 8.000 денари по член на семејство ……….30 бода;
  • За приходи над 8.000 денари по член на семејство …………………….0 бода;
  1. Студент на самохран (починат/разведен) родител, студенти со посебни потреби.

 По овој основ може да се добијат 5 бода.

 Максималниот број на бодови кои може да ги добие студент од социјално загрозено семејство согласно утврдените критериуми од овој член и тоа за остварен успех во текот на студирањето – 40 бода, дефицитарност на студиските кадри – 5 бода, материјални можности на студентот и неговото семејство- 50 бода и студент на самохран родител -5 бода, изнесува вкупно 100 бода.

За усвоените бодови според утврдените критериуми од овој член комисијата изготвува посебна ранг-листа за оваа категорија на студенти, која ја доставува на градоначалникот на разгледување и одлучување.

При утврдување на ранг листата според добиените бодови, при ист број на бодови предност има кандидатот со пониски материјални примања.

При при ист број на бодови за кандидатите со материјални примања, предност има кандидатот кој прв ја поднел пријавата за стипендија во архивата на Општина Кочани.

Ако составувајќи ја ранг листата за оваа категорија на студенти се констатира дека остануваат недоделени стипендии истите ќе се доделат на студенти кои постигнале висок успех во учењето пријавени по јавниот конкурс кои ги исполнуваат условите за доделување на стипендија, а според редослед на рангирање по бодови согласно изготвена ранг-листа.

II.4. Критериуми за доделување на стипендии на студенти запишани на факултети за медицински науки

  1. Остварен успех во текот на студирањето – најмалку 7,50 .

По овој основ може да се добијат најмногу 60 бода.

 Распределување на утврдените 60 бода по основ на остварен успех во текот на студирањето: кандидатот за стипендија може да добие најмногу 60 бодови, и тоа за:

  • Остварен успех од 9,01 до 10 …………………………..60 бода;
  • Остварен успех од 8,51 до 9,00 ……………………….55 бода;
  • Остварен успех од 8,01 до 8,50 ………………………..50 бода;
  • Остварен успех од 7,50 до 8,00 ………………………..45 бода;

     Овој критериум е елиминаторен, доколку кандидатот за стипендија нема остварено просечен успех во текот на студирањето од најмалку 7,50 неговата пријава ќе се оцени како неприфатлива и истата нема да биде предмет на понатамошно разгледување и бодување во постапката.

  1. Дефицитарност на кадрите што за секоја студиска година ја утврдува со посебна одлука Градоначалникот на Општина Кочани.

По овој основ може да се добијат 5 бода.

  1. Материјални можности на студентот и неговото семејство за кој се земаат месечните примања  по член на семејството на студентот во однос на просечно исплатената плата по вработен во РСМ за последните 3 (три) месеци.

              По овој основ може да се добијат најмногу 30 бода.

При распределување на утврдените 30 бода по основ материјални можности на студентот и неговото семејство се земаат во просек материјалните можности на студентот и неговото семејство, односно вкупниот број на месечните примања (месечните нето плати и годишните приходи по разни основи прикажани во образецот од Управа за јавни приходи – приходи: од вршење на земјоделска дејност, од вршење на стопанска дејност, од вршење на самостојна дејност, од имот и имотни права, од авторски права и права на индустриска сопственост, од дивиденди, од остварени капитални добивки, од добивки од игри на среќа и други приходи) во семејството на студентот поделени по член од семејството поделени на 12 месеци, при што кандидатот може да добие најмногу 30 бода и тоа:

  • За приходи од 0 до 2.000 денари по член на семејство ……………..30 бода;
  • За приходи од 2.001 до 3.000 денари по член на семејство ……….26 бода;
  • За приходи од 3.001 до 4.000 денари по член на семејство ……….22 бода;
  • За приходи од 4.001 до 5.000 денари по член на семејство ……….20 бода;
  • За приходи од 5.001 до 8.000 денари по член на семејство ………..17 бода;
  • За приходи од 8.001 до 10.000 денари по член на семејство ………15 бода;
  • За приходи од 10.001 до 12.000 денари по член на семејство …….12 бода;
  • За приходи од 12.001 до 15.000 денари по член на семејство …….10 бода;
  • За приходи од 15.001 до 23.000 денари по член на семејство ………5 бода;
  • За приходи над 23.000 денари по член на семејство ……………………0 бода.
  1. Студент на самохран (починат/разведен) родител, студенти со посебни потреби.

По овој основ може да се добијат 5 бода.

Максималниот број на бодови кои може да ги добие студентот запишан на факултет за медицински науки согласно утврдените критериуми од овој член и тоа за остварен успех во текот на студирањето – 60 бода, дефицитарност на студиските кадри – 5 бода, материјални можности на студентот и неговото семејство- 30 бода и студент на самохран родител -5 бода, изнесува вкупно 100 бода.

За усвоените бодови според утврдените критериуми од овој член комисијата изготвува посебна ранг-листа за оваа категорија на студенти, која ја доставува на градоначалникот на разгледување и одлучување.

При утврдување на ранг листата според добиените бодови, при ист број на бодови предност има кандидатот со пониски материјални примања.

При при ист број на бодови за кандидатите со материјални примања, предност има кандидатот кој прв ја поднел пријавата за стипендија во архивата на Општина Кочани.

Ако составувајќи ја ранг листата за оваа категорија на студенти се констатира дека остануваат недоделени стипендии истите ќе се доделат на студенти од социјално загрозените семејства пријавени по јавниот конкурс кои ги исполнуваат условите за доделување на стипендија, а според редослед на рангирање по бодови согласно изготвена ранг-листа.

  • Согласно член 5 од Правилникот за доделување стипендии на студенти жители на општина Кочани: Приоритет за добивање на стипендија при доделување на стипендиии за сите категории на студенти имаат студентите кои се без родители и студентите кои до полнолетството престојувале во домови за згрижување на деца во Република Северна Македонија.

IIIНАЧИН, РОК И МЕСТО НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ ЗА СТИПЕНДИИ

III. 1. НАЧИН НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВА ЗА СТИПЕНДИЈА: Заинтересираните кандидати за доделување на стипендија согласно условите од овој конкурс доставуваат уредна и комплетна документација и тоа:

  1. Пријава од студентот, која содржи основни податоци за подносителот: име, татково име и презиме, ЕМБГ, адреса на живеење, моб.телефон за контакт,  факултетот на кој студира и др.
  2. Потврда за редовно запишан зимски семестар за соодветната студиска година,
  3. Уверение со број на положени  испити во претходните години,
  4. Документи за утврдување на материјалната состојба на кандидатот и тоа:

–  За вработените членови на семејството да се достават потврди за остварена плата за последниот месец сметано до поднесување на пријавите или доколку за овој месец не е исплатена плата,  да се достави потврда за последната исплатена плата за оваа година (за родителите-старатели, брат/сестра кои се вработени во државни и јавните установи да се достави потврда за плата заверена од овластен орган, а за родителите-старатели, брат/сестра кои се вработени во приватни фии да се достави потврда за плата заверена од работодавачот);
за пензионираните членови на семејството се доставува документ за висина на пензија-чек;

За разведени родители да се достави доказ за разводот и доколку кандидатот прима алиментација истата да се прикаже како месечен приход;

–  За корисници на социјална помош да се доставува последно решение или последен чек;

За инвалидитет да се достави наод и мислење за видот и степенот на попреченоста во физичкиот или психичкиот развој и специфичните потреби издадена од надлежна установа, а согласно Правилникот за оцена на специфичните потреби на лицата со пречки во физичкиот или психичкиот развој;

За невработените членови на семејството на студентот- Потврда од Агенцијата  за вработување дека се невработени или примаат паричен надоместок;

–  За браќа/сестри на кандидатот, кои се ученици/студенти, се доставува потврда од училиштето, односно факултетот или друга институција.

4.1. Уверение од Управата за јавни приходи, за остварени приходи по разни основи за претходната година (приходи од самостојна дејност, приходи од вршење земјоделска дејност, приходи од имот и имотни права, приходи од капитал, капитални добивки, добивки од игри на среќа и други наградни игри, други приходи) за двајцата родители – старатели, брат/сестра на кандидатот поединечно и за самиот кандидат;

  1. Изјава на кандидатот дека не е корисник на друга стипендија,
  2. Изјава на кандидатот дека доставените документи се вистинити и податоците одговарат на прикажаната состојба,
  3. Изјава за обработка и користење на личните податоцина кандидатот и неговото потесно семејство (родители-старатели, браќа, сестри),
  4. За починат родител – Извод од матичната книга на умрените од Управата за водење на матични книги; 
  5. Фотокопија од лична карта на студентот,
  6. Изјава  за семејната состојба  на студентот.
  7. За студенти од Ромската етничка заедница се доставува Изјава за етничка припадност, за студентите кои се лица со попреченост и лица со ретки болести се доставува релевантен писмен доказ за попреченоста, односно констатирана дијагноза за боледување од ретка болест, издаден од надлежен орган (пример решение од Центарот за јавно здравје, извештај од специјалист /потврда од матичен лекар).

 

Напомена:

  • Документите се доставуваат во оригинал или копија заверена кај нотар.
  • Изјавите од кандидатот од точка 5, 6, 7 и 10 ги пополнува лично кандидатот за стипендија користејќи образец на изјава доставен од Општината и истите ги потпишува со своерачен потпис, а изјава од т.7 ја пополнува и потпишува и членот на семејството за кој со приложените документи доставува лични податоци.
  • Пријавите на кандидатите кои доставиле некомплетна, неуредна и ненавремена документација нема да бидат рангирани
  • Образец на пријавата за стипендија за редовни студенти и обрасци од изјавите за кандидатот и неговото потесно семејство можат да се подигнат од Едношалтерска канцеларија на Општина Кочани или од веб страната http://www.kocani.gov.mk на Општина Кочани.

 

III. 2. МЕСТО НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ ЗА СТИПЕНДИИ:

Пријавите со документите се поднесуваат во определениот рок наведен по распишаниот Конкурс за доделување на стипендии на еден од следните начини за поднесување:

  • во Едношалтерската канцеларија на Општина Кочани,
  • по пошта на адреса: Општина Кочани ул.„Раде Кратовче“ бр.1, 2300 Кочани или
  • по електронски пат преку апликацијата мЗаедница, со тоа што при прикачување на пријавата за стипендија во електронската апликација подносителот е должен да ги скенира и задолжително да ги прикачи документите кои се бараат за исполнување на условите за доделување на стипендија.

Доколку поднесената  пријава за стипендија преку апликацијата мЗаедница е оценета како прифатлива од комисијата за доделување на стипендии  и  според бројот на добиени бодови е во ранг листата на максималниот број на стипендии кои се доделуваат, Комисијата за доделување на стипендии,  преку апликацијата  ќе го извести  подносителот на пријавата за стипендија во рок од најмногу 5 дена, да ги достави во оригинал или во копија заверена на нотар документите кои ги прикачил скенирани на апликацијата  при поднесувањето на пријавата за стипендија.

Ако подносителот на пријавата не ги достави во определениот рок  во писмена форма документите кои ги прикачил на електронската апликација или истите се делумно доставени и/или се разликуваат од документите прикачени во апликацијата и со тоа подносителот на пријавата за стипендија не успеал да докаже дека ги исполнува во целост условите за добивање на стипендија, Комисијата ќе ја отфрли оваа пријава како неприфатлива и ќе изготви друга (изменета) ранг листа на прифатени пријави до Градоначалникот.

 

III. 3. КРАЕН РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ ЗА СТИПЕНДИИ:

Крајниот рок за поднесување на пријави за стипендии е до  12.12.2022 година до 15:30 часот.

  • Секоја пријава која е поднесена по утврдениот рок и време ќе се смета за задоцнета и нема да биде разгледувана.

 

  1. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ПОДНЕСЕНИТЕ ПРИЈАВИ ЗА СТИПЕНДИ

Доставените пријави согласно распишаниот конкурс ги разгледува комисија фоирана од Градоначалникот од редот на вработените во општинската администрација.

Комисијата за доделување на стипендии некомплетните и неблаговремени пријави не ги разгледува.

Комисијата од пристигнатите пријави утврдува ранг листа и му ја доставува на Градоначалникот на разгледување и одлучување.

 

  1. ДОНЕСУВАЊЕ НА ОДЛУКА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПНЕДИИ

Градоначалникот на Општина Кочани врз основа на доставената ранг листа од Комисијата за доделување на стипендии донесува Одлука за доделување на стипендии на студенти жители на Општина Кочани.

 

VI.ИЗВЕСТУВАЊЕ НА КАНДИДАТИТЕ:

За спроведената постапка и за одлуката на Градоначалникот за доделените стипендии сите кандидати кои имаат поднесено пријава по распишаниот конкурс ќе бидат писмено известени. Одлуката за доделување на стипендии која ја донесува Градоначалникот на Општина Кочани  ќе се објави и на веб страната на Општина Кочани.

 

VII. ВИСИНА НА СТУДЕНТСКАТА СТИПЕНДИЈА:

Износот на стипендија по студент изнесува 3.000,00 денари месечно, и се доделува десет месеци во текот на студиската 2022/2023 година (од Септември 2022 година до Јуни 2023 година).

 

VIII. СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОР

Градоначалникот на Општина Кочани ќе склучи посебен договор со студентот на кој му е доделена стипендија со кој ќе бидат подетално уредени начинот и условите за користење на стипендијата.

  1. МОЖНОСТ ЗА ПРАКТИКАНСТВО ВО ОПШТИНА КОЧАНИ: Студентите на кои им е доделена стипендија од Општина Кочани имаат можност на нивно барање непосредно да се запознаат со вршењето на работите кои спаѓаат во надлежност на Општината преку пројавување на интерес за доброволно практиканство во административната зграда на Општина Кочани во траење од 15 дена за време на летниот распуст т.е. во месеците Јули и Август, доколку оценат дека ова практиканство може да им помогне во нивните студии преку стекнување на знаење и практично искуство.

Линк до конкурсот за доделување на стипендии.

Линк до пријави за конкурсот за доделување на стипендии.