Во вторник, 29 ноември 2022 година, со почеток во 10 часот, во салата на Мултикултурниот центар, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи 21 седница.

Предлог-дневниот ред содржи две точки:

  1. Решение за запирање на објавувањето на Одлуката за доделување еднократна финансиска помош на локалните телевизии: ТВ Канал 8 ДООЕЛ – Кочани и Трговско радиодифузно друштво Телевизија Кочани – ЛД ДООЕЛ Кочани
  2. Одлука за доделување еднократна финансиска помош на локалните телевизии: ТВ Канал 8 ДООЕЛ – Кочани и Трговско радиодифузно друштво Телевизија Кочани – ЛД ДООЕЛ Кочани.