– 20 стипендии за студенти од јавните високо образовни установи во Република Македонија, од кои 1 (една) за студент од ромската етничка заедница.
I. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА
Право на стипендија имаат студенти кои се:
1. Жители на општина Кочани (од градот Кочани и населените места кои припаѓаат на општина Кочани);
2. Државјани на Република Македонија;
3. Редовни студенти;
4. Не повторувале година во текот на студирањето;
5. Не се корисници на стипендија или кредит од други институции или компании;
6. Студентите кои се заинтересирани за стипендија можат да се пријават започнувајќи од втората студиска година;
Критериуми за доделување на стипендии се :
1. Остварен успех во текот на студирањето најмалку 8 (осум),………………………најмногу 70 бода
2. Дефицитарност на кадрите утврдена со одлука на Градоначалникот на општина Кочани………………………………………………најмногу 5 бода
3. Материјалните можности на студентот и неговото семејство кое ќе се утврди врз основа на месечните примања по член од семејство во однос на просечната исплатена плата по вработен во Република Македонија во последните 3 месеци…………………………………………………………….најмногу 20 бода
4. Дете на самохран родител ……………………………..најмногу 5 бода;
За стипендијата на студент од ромската етничка заедница не важи критериумот под точка 1;
Приоритет за добивање на стипендија за студирање на високообразовните установи во Република Македонија имаат децата кои се без родители и деца кои до полнолетството престојувале во домови за згрижување на деца во Република Македонија.
За овие случаи не се применуваат критериумите од член 4 на овој Правилник.
II. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ
Потребни документи:
Пријава кон која се приложува:
– потврда за запишан зимски семестар, односно потврда за започната студиска година;
– уверение со број на предвидени и положени испити во претходните години во кое ќе биде наведено дека кандидатот има положено 90% од испитите од претходните години;
– изјава за семејната состојба на студентот;
-уверение за приходи од земјоделска или друга дејност на студентот и на членовите од неговото семејство;
– потврда за висината на платите на членовите на семејството на студентот;
– за членовите на семејството на студентот, пензионери – испратница од пензија за последниот месец;
-за невработените членови на семејството на студентот, потврда од Агенцијата за вработување дека се невработени или примаат паричен надоместок.
– фотокопија од лична карта на студентот;
-изјава од студентот дека не е корисник на стипендија или кредит од други установи, институции или компании;
Пријавата со документите се доставуваат до Едношалтерска канцеларија на општина Кочани или по пошта на адреса: Општина Кочани, улица “Раде Кратовче“ бр.1 Кочани.
Непотполната документација нема да биде разгледувана.
Рок на пријавувањето од 09.10.2015 година до 26.10.2015 година.