Синоќа, во салата на Мултикултурниот центар во Кочани се одржа книжевна вечер со Венко Андоновски, Ферид Мухиќ и Сашо Мацановски-Трендо.
Кочанската публика имаше ретка можност едновремено да се сретне со автори чии колумни во собрани дела се издадени од Табернакул, првата приватна издавачка куќа во Македонија.
Големите мајстори на перото зборуваа за пишувањето и неговиот однос кон него, за лични доживувања поврзани со литературата и изнесуваа свои видувања за творечкиот процес, јазикот, комуницирањето…
На средбата, издавачката куќа Табернакул понуди дела од Андоновски, Мухиќ и Трендо – по популарни цени.
Настанот го организираше Општина Кочани во соработка со Табернакул.