Стапија на сила одлуките за определување имиња и за преименување на улици во градот Кочани.

Со Одлуката за преименување, улицата „Маршал Тито“ се преименува во „ВМРО“, а „Иван Серафимов“ го доби името „Петровденска“.

Со Одлуката за определување имиња на улици во градот Кочани, деветнаесет улици добија имиња:

Улицата „122“, која почнува од ул. „Цветан Димов“ оди на запад, па на север до ул. „Стамен Манов“, се именува во ул. „Дуди Ханум“.

Улицата „300“, која почнува од ул. „Бел камен“, оди на запад, па на југ до ул. „553“, се именува во ул. „Солунски конгрес“.

Улицата „СУ1“, која почнува од ул. „Димитар Влахов“ и оди на исток до ул. „Маршал Тито“, на југ, па на запад до ул. ,,Иван Серафимов“ („Петровденска“), се именува во ул. „Гемиџии“.

Улицата „СУ2“, која почнува од ул. „СУ1“ и оди на север до Трговскиот центар, се именува во ул. „23 Октомври“.

Улицата „Стамен Манов“ – крак 1 исток, која почнува од ул. „Стамен Манов“ и оди на исток до ГП 92.25, се именува во ул. „Ката Мокрејка“.

Улицата „Стамен Манов“ – крак 2 исток, која почнува од ул. „Стамен Манов“, се именува во ул. „Ѓурѓовденска“.

Улицата „304“, која почнува од ул. „Македонска“, оди на југ до ул. „Кресненско востание“, се именува во ул.„Иљо Тесларо“ .

Улицата ,,528“, која почнува од ул. „Мишо Арсов “ и оди на север до ГП 1.1а, се именува во ул.„Ѓорѓи Чакарев“.

Улицата „529“, која почнува од ул. „531“ и оди на запад до ул. „Крум Вранински“, се именува во ул. „Саздо Нишанџиев“.

Улицата „538“, која почнува од ул. „Роза Петрова“ и оди на југ до ул. „Мородвиска епископија“, се именува во ул. „Свети Ѓорѓи“.

Улицата „539“, која почнува од ул. „Дамјан Груев“ и оди на југ до ул. „540“, се именува во ул. „Смолјанска“.

Улицата „553“, која почнува од ул. „Бел камен“ и оди на југ до ул. „Ѓорче Петров“, се именува во ул. „Смилевски конгрес“.

Улицата „563“, која почнува од ул. „Февруарски поход“ и оди на запад до ул. „560“, се именува во ул.„Осоговски конгрес“.

Улицата „529а“, која почнува од ул .„529“ и оди на север до ул. „Крум Вранински“, се именува во ул. „Коце Паунов Кујунџијата“.

Улицата „558“, која почнува од ул. „Скопска “ и оди на исток, па на север до ГП 10.05 и на југ, па на запад до ГП10.24, се именува во ул. „Петар Синадинов“.

Улицата „565“, која почнува од ул. ,,Крижевска“ и оди на југ, па на запад до ул. „Никола Димитров“, се именува во ул.„Украинска“.

Улицата „566“, која почнува од ул. „Крижевска“ и оди на југ, па на запад до ул. „Никола Димитров“ се именува во ул.„Унгарска“.

Улицата „523“, која почнува од ул. „522“ и оди на југ, па на север до ул. „Кирил Ѕ’мбов“, се именува во ул.„Ефрем Попов“.

Улицата ,,547“, која почнува од ул. „Страшо Ербапче“ и оди на исток, па на север до ул. „Стефан Попиванов“, се именува во ул. „Иван Миладинов“.

Овие одлуки Советот на Општина Кочани ги донесе на седницата одржана на 14 ноември 2014 г