И З В Е С Т У В А Њ Е

П О В И К

Врз основа на законските одредби, а заради транспарентност во работењето на единицата на локалната самоуправа,
Општина Кочани ги повикува граѓаните, урбаните, месните заедници, здруженијата на граѓани и институциите, со идеи, програми и проекти да се вклучат во креирањето на Буџетот на Општина Кочани за 2018 година.

Програмите и проектите во електронска форма можат да се достават преку веб-страницата на Општина Кочани, а во пишана форма до Едношалтерската канцеларија, најдоцна до 25 октомври 2017 година.

Вклучете се во креирањето на буџетот и поддржете го партиципативниот развој на локалната заедница!