Денеска во просториите на Мултикултурниот центар во Кочани, претставници од Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) и Локалната канцеларија во Скопје поддржана од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, како и претставници од  Агенцијата за млади и спорт, организираа  средба за локално информирање за работата и тековните проекти на Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO).

Во инфо-сесијата беа вклучени младите од општина Кочани, бидејќи тие како движечка сила на едно општество, имаат потреба од простор за искажување и за активности на локално ниво.

Општина Кочани во наредниот период значително ќе се насочи кон интересите на младите и ќе се залага за реализација на нивните замисли и идеи. Ќе создаде услови и ќе го стимулира младинскиот активизам преку работата на Младинскиот совет, со цел младите во нашата општина да си го најдат своето место.