ИНФОРМАЦИЈА ВО ВРСКА СО ПРЕСТОЈНАТА ПРВА ФАЗА ОД ПРЕВЕНТИВНАТА АВИО ДЕЗИНСЕКЦИЈА ЗА УНИШУВАЊЕ НА КОМАРЦИТЕ НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА КОЧАНИ
Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на Општина Кочани, како општа противепидемиска мерка, Општина Кочани го издава следното соопштение:
Се известуваат граѓаните и институциите на Кочани дека на 31.05.2019 г. (петок) од 04 до 08 часот наутро , стручни екипи на Друштво за авио услуги Бониер ДООЕЛ Куманово ќе ја спроведат првата фаза од авио третирањето против комарци.
Авио третирањето против комарци ќе се врши со еколошко средство за уништување на комарци – широкопојасен инсектицид за третирање на комарци, одобрено од Биро за лекови . Со авио третирањето ќе бидат опфатени површините во градското подрачје на Кочани и низинските села што припаѓаат на територијата на Општина Кочани.
Граѓаните кои одгледуваат пчели потребно е да ги преземат потребните заштитни мерки за време и по третирањето на подрачјето.
Доколку имаме неповолни временски услови (ветер, дожд) третирањето ќе се одложи за наредниот ден.
Третирањето ќе се изведува со препаратот AURODIL – SUPER PB .
Општина Кочани