В сабота, на 1 јуни, со почеток во 8 часот, на стадионот „Никола Мантов“ ќе се одржи деветтиот Пролетен крос.

Сојузот на училишни спортови на Кочани, како организатор, најавува учество на повеќе од 500 ученици од  основните и средните училишта.

Првпат во рамките на Пролетниот крос, во знак на поддршка на физичката активност во одржување на човечкото здравје, ќе се изведе симболична трка за поддршка на женското здравје.

Во трката ќе се вклучат претставнички од кочанскиот огранок на Здружението „Борка“, а се поканети да земат учество сите поддржувачи на здравјето на жените. Пожелно е заинтересираните учесници да носат розова маица, како симбол на значењето на самата трка.

Настанот се организира под покровителство на градоначалникот на Општина Кочани.