Градежните работи со кои се врши подготовка на теренот за поставување монтажни модули за Ковид-19 во кругот на Општа болница – Кочани се во завршна фаза и се одвиваат според предвидената динамика.
Општина Кочани ги обезбеди потребните технички услови, односно изработена е платформа со приклучоци за вода и канализација.
Монтажната модуларна болница во Кочани е една од шеснаесетте во државава која се гради со одлука на Министерството за здравство. Монтажните модули ќе содржат современа медицинска опрема и апарати и ќе ги подобрат капацитетите и услугите за пациентите од регионот.