Утрово, стручна екипа на Центарот за јавно здравје – Скопје ја спроведе втората фаза од превентивното, од земја, дезинсекционо третирање за заштита од комарци.
Со дезинсекцијата се опфатени 300 хектари, локации на подрачјето на градот Кочани и селата: Тркање, Мојанци, Горни и Долни Подлог, Грдовци, Прибачево и Оризари.
Третирањето се изведе со воднорастворлив широкоспектарен инсектицид за третирање комарци одобрен од Бирото за лекови.
Следното прскање против комарци во Кочанско ќе биде авионско.