ИЗВЕСТУВАЊЕ
за Јавна расправа по Нацрт-Одлука за прогласување на дел од Осоговски Планини за заштитен предел
Министерството за животна средина и просторно планирање ја поканува заинтересираната јавност да присуствува на јавна расправа по Предлог актот за прогласување на дел од Осоговските планини за заштитено подрачје во категоријата V- заштитен предел.
За подоследно вклучување на јавноста во процесот, ќе бидат организирани четири јавни расправи и тоа :
- Во Кочани, на 18.08.2020г., во 18 часот, локација:Споменик на слободата;
- Во Македонска Каменица, 20.08.2020г., во 18 часот, локација:Парк пред Домот на Културата;
- Во Пробиштип, 25.08.2020г. , во 18 часот, локација: секундарен плоштад на амфитеатарот;
- Во Крива Паланка, 26.08.2020г., во 18 часот, локација: Зелениот парк во рамките на дворното место на Средното Општинско Училиште „Ѓорче Петров“ – Крива Паланка.
Предлог актот е објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи во Република Северна Македонија (www.ener.gov.mk) и на веб страната на Министерство за животна средина и просторно планирање (www.moepp.gov.mk) за доставување на коментари, забелешки и консултации со засегнати страни. Коментари/мислења/сугестии заинтересираната јавност може да достави на: infoeko@moepp.gov.mk.
Јавните расправи ќе одржат на отворено и ќе се почитуваат протоколите за организација на јавни настани (https://vlada.mk/protokoli-koronavirus).
Заради запазување на мерките за заштите потребно е да го потврдите Вашето учество и да наведете на која јавна расправа/и ќе присуствувате, на следната електронска адреса: skj.mzspp@gmail.com или кај Дијана Соколовска на:
+389 76 233 020.