Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ” кој се реализира од Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, Општина Кочани аплицираше со проект за реконструкција на дел од улица ,,Бел Камен“ во Кочани,  Општина Кочани.

Согласно барањата на Светска Банка беше подготвен документ “контролна листа на План за управување со животната средина и социјалните аспекти” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од реализацијата на проектот.

Документот “контролна листа на План за управување со животната средина и социјалните аспекти” ќе биде ставен на јавен увид на веб страните на: Министерството за транспорт и врски (http://www.mtc.gov.mk) и на Општина Кочани (https://kocani.gov.mk/) на 29 Ноември 2024.

Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на веб страна.

КОНТРОЛНА ЛИСТА НА ПЛАН ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЖИВОТНАТА СРЕДИНА И СОЦИЈАЛНИТЕ АСПЕКТИ

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ДОКУМЕНТИ ОПШТИНА КОЧАНИ

Образец за доставување коментари