Утревечер (1 октомври) во 19 ч. на Летната сцена при Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани, ќе се одржи Изборот на жетварска убавица.

За престижната титула годинава ќе се борат 11 девојки на возраст од 16 до 19 години. Во преформансот во кој учесничките ќе се претстават во современа и стилизирана облека и во народна носија, ќе биде вклучена и публиката. Сценариото и режијата се на Марија Апостолова.

Комисијата што ќе ги избере трите најубави жетварки за 2015 година е составена од стилист, фризер и претставник од општинската администрација.

Изборот за жетварска убавица ќе биде збогатен со музички содржини од наставниците од ОМУ „Ристо Јуруков“ и гостинката од Турција, Чидам Таштан.

Жетварската убавица ќе ја започне жетвата со срп што ќе се одржи на нива во селото Прибачево, в недела на 4 октомври.