Екипата на „Златно зрно“ е победник на овогодишниот, 19. Петровденски турнир во мал фудбал. Таа во финалниот меч ја совлада „Астра казино“ со резултат 7:4 (3:3). Третото место го освои тимот на „ВЛТ Грдовци“, кој во малото финале го победи „Балкан лукс“ со резултат 2:1.

За најдобар голман беше прогласен Драган Митев од „ВЛТ Грдовци“, а за најдобар стрелец Ефтим Аксентив, кој постигна девет голови.

На „Петровденскиот турнир во мал фудбал“ учествуваа 14 екипи со вкупно 140 рекреативци и љубители на фудбалот. Турнирот, којшто се одржува со финансиска поддршка од Општина Кочани, помина во одлична организација на ОФС – Кочани, а натпреварите беа следени од многубројна публика. Спортските терени во дворот на СОУ „Љупчо Сантов“ понудија содржини и амбиент за голем број граѓани од различни генерации.