Од среда, 8 јули, започнуваат натпреварите од Петровденскиот турнир во мал фудбал, што по 14 пат го организира Одделението за јавни дејности од Општина Кочани.

– Оваа година се пријавија осум екипи, распоредени во две групи. Иако беше предвидено да се игра на две игралишта, учесниците имаа желба да играат на исто игралиште кај Детската градинка на улицата „Скопска“. Ќе се игра на 8, 9 и 10 јули, од 18, 19, 20 и 21 ч. – соопшти Голубинка Георгиева, раководителка на Одделението за јавни дејности.

В сабота на 11 јули, од 18.30 и 19.30 ч. се полуфиналните натпревари, а финалето е в недела во 20 часот. За најдобрите се предвидени и награди.

– Фондот од котизацијата што ја уплаќаат сите екипи ќе се дели за награда за прво, второ и трето место. Општина Кочани обезбедува судии, освежителни пијалоци и маици за сите учесници, додаде Ѓоргиева.

За љубителите на малиот фудбал, го објавуваме и распоредот на натпреварите:

8 јули, среда, 1. коло

18 ч. – Аква – Бели

19 ч. – Аквариум – Либеро

20 ч. – Класик – Меџик

21 ч. – Деликатес – Сиви Дом

9 јули, четврток, 2. коло

18 ч. – Либеро – Сиви Дом

19 ч. – Бели – Меџик

20 ч. – Деликатес – Аквариум

21 ч. – Класик – Аква

10 јули, петок, 3. коло

18 ч. – Меџик – Аква

19 ч. – Сиви Дом – Аквариум

20 ч. – Бели – Класик

21 ч. – Либеро – Деликатес