В четврток, на 26 ноември, во 12 ч. во салата на комплексот „АСНОМ“ ќе се одржи завршната презентација од Проектот за управување со речниот слив на реката Брегалница.

На презентацијата ќе бидат претставени финалната верзија на Планот за управување со речниот слив на Брегалница и малите инфраструктурни проекти од првиот и вториот повик.

На овој настан се очекува да присуствуваат претставници од Министерството за животна средина, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Амбасадата на Швајцарија во Македонија, SECO, Општина Кочани, од комплементарните проекти во регионот финансирани од Швајцарија, како и сите заинтересирани од петнаесетте општини во сливот на Брегалница коишто се вклучени во проектот.

Овој проект е финансиран од Швајцарската влада, а имплементиран од Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.