Заврши асфалтирањето на 436 м од улицата „Стамен Манов“, на потегот од Зијата до Фабриката за вода – локална акција што Општина Кочани ја реализира според договорот со Институтот за истражување и анализа на политики „Ромалитико“. Со рехабилитацијата, овој дел од сообраќајницата сега е со ширина од 5 до 7 м.
Рехабилитацијата и реконструкцијата на „Стамен Манов“ чини близу 5 милиони денари. „Ромалитико“, со проектот „Заедно за просперитетна заедница“ поддржан од УСАИД, обезбеди 40 % од износот, Министерството за транспорт и врски, преку Декадата на Ромите – 1.174.000 денари, а остатокот се средства од Општина Кочани.
Со цел да обезбеди подобра заштита од неконтролирано исфрлање отпад, на коловозот на „Стамен Манов“ кон Фабриката за вода, Општина Кочани ќе постави банкини.