В среда, 27 декември 2023 година, со почеток во 12 часот, во салата во Мултикултурниот центар во Кочани, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи 39. редовна седница, на чиј предлог-дневен ред се наоѓаат следниве точки:

  1. Предлог-буџет на Општина Кочани за 2024 година
  2. Предлог-одлука за извршување на Буџетот на Општина Кочани за 2024 година
  3. Предлог-одлука за висината на девизен и денарски благајнички максимум за 2024 година
  4. Предлог-одлука за утврдување на вредност на бодот за платите на државните службеници за 2024 година
  5. Годишен извештај за користење на средствата од резервите во Буџетот на Општина Кочани за 2023 година
  6. Предлог-одлука за изменување и дополнување на Одлука за организацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на опшштинската администрација на општината Кочани
  7. Предлог-одлука за проширување на планскиот опфат во идната урбанистичко-планска документација за бесправно изградените објекти на КП бр.11122, КО Кочани и КП бр.681/2, КО Пантелеј, кои се изградени надвор од плански опфат.

За крајот на седницата е планирано годишното обраќање на градоначалникот Љупчо Папазов.