ЕУ Инфо-центарот од Скопје и Инфо-точката во Општина Кочани организираа работилница за средношколци, под наслов Отворени врати за ученици.

Целта на работилницата беше да ги запознае младите со историјатот, телата и институциите на Европската Унија. Предавач беше проф. д-р Игор Јовановски, а за учениците беше обезбедена и брошурата „Европа – за што се работи“.

Работилницата ја отвори градоначалникот на Општина Кочани, Ратко Димитровски кој ги повика учениците за потребните материјали, поддршка и прашања за Европската Унија да бараат поддршка од ЕУ Инфо-точката во Општина Кочани.