По повод Светскиот ден на планетата Земја, во саботата, Општина Кочани, Клубот за планинарски спортови „Осоговски орел“ и КЈП „Водовод“ организираа еколошка акција на потегот од месноста Бавчалук кон езерото Гратче.
Во акцијата иницирана од КПС „Осоговски орел“ учествуваа и ученици од основни училишта, кои ја расчистија пешачката патека и го собраа оставениот отпад од летниковниците на овој потег.
Меѓународниот ден на планетата Земја, 22 Април, се одбележува ширум светот со разни манифестации и акции, за да се сврти вниманието на јавноста за значењето на зачувувањето на животната средина.