Во рамките на одбележувањето на Петровден, празникот на Општина Кочани, вечерта на 11 јули, во пресрет на Петровден се одржа Духовна академија, на која со беседа и музика беше истакнато значењето на патрониот празник на градот.

Пред присутните во Центарот за култура „Бели мугри“ пригодно слово во чест на празникот на Кочани произнесе митрополитот брегалнички, г. Иларион, а свој настап имаа црковните хорови „Хармосини“ од Скопје, хорот при Лесниовскиот манастир и хорот при храмот „Св. Климент и св. Петка“ од Штип.

На духовната академија беа читани делови од житијата на светите апостоли Петар и Павле, а во вториот дел на програмата настапи музичкиот состав „Портал“ од Штип.