На турнирот во баскет што се одржа во рамките на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“ настапија 12 екипи, во дводневни натпревари што се играа во Градската спортска сала во Кочани.
Првото место го освои „Дружината на Вацко“, второто „Твоја аптека“, а третото – тимот на „Даст ИНГ“. За најдобар играч беше прогласен Вангелчо Митевски, а за фер-плеј екипа – „Генекс“.
По одигрувањето на финалниот меч, наградите на најуспешните им ги додели градоначалникот Николчо Илијев.
За овој спортски настан Општина Кочани намени 35 000 денари од општинскиот буџет, а беа обезбедени вредни награди од повеќе спонзори: најдобриот играч доби награда рачен часовник „џи-шок“ од Златара Боно, а фер-плеј екипата ваучер од 10 000 денари од Шери казино. Дресовите за играчите и кошаркарските топки ги обезбеди обложувалницата „Моцарт“.
Судии на натпреварите беа Сашко Донев и Виктор Ангелов, а делегати Мијалче Апостолов и Борче Апостолов.