Право на стипендија имаат кандидатите кои се жители на општина Кочани, на возраст од 17 до 20 години и треба да се членови на спортски клуб, друштво или асоцијација регистрирана во Агенцијата за млади и спорт со решение за вршење дејност спорт и да се членови на национални спортски федерации кои реализираат национални спортски систем на натпревари и учествуваат во меѓународни натпревари за возрасни категории до 20 години.
Месечниот износ на стипендијата е 3 илјади денари, а ќе се доделува шест месеци со исплата од април до септември 2021 година. Средствата се обезбедени од Буџетот на Општина Кочани.
Оваа стипендија не може да се доделува на исто лице два пати последователно, односно во две последователни календарски години, освен ако е поднесена само една прифатлива пријава за стипендија.
Рокот за поднесување на пријавите е до 12 март 2021 година до 15:30 часот.
Целосната објава со условите, критериумите, потребната документација и начинот за поднесување на пријавите за доделување на стипендијата се објавени на веб-страницата на Општина Кочани.