Врз основа на член 33 став (1) алинеја 1 од Деловникот на Советот на Општина Кочани („Службен гласник на Општина Кочани“ бр. 5/2006, 2/20012 и 4/2015), ја свикувам 59-тата седница на Советот на Општина Кочани за 30.06.2021 година, (среда), со почеток во 08.00 часот во Мултикултурниот центар- Кочани, со следниот предлог за
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Предлог- план за изменување и дополнување на Годишниот план за јавни набавки на општина Кочани за 2021 година.
- Годишен план за вработување на СОУ „Љупчо Сантов“- Кочани за 2022 година.
- Годишен план за вработување на ООУ „Малина Попиванова“- Кочани за 2022 година.
- Годишен план за вработување на ООУ „Крсте Петков Мисирков“- с. Оризари-Кочани за 2022 година.
- Годишен план за вработување на ООМУ „Ристо Јуруков“-Кочани за 2022 година.
- Предлог- одлука за продолжување на работното времена угостителските објекти на подрачјето на Општина Кочани.
- Предлог- одлука за сопствено учество – кофинансирање на проектот од Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 (ReLOaD2).
- Предлог- одлука за изменување на Одлуката за сопствено учество – кофинансирање на проектот „ Изградба на локален пат мв.Крушка – мв.Ајдар втор дел “.
- Предлог- одлука за давање на трајно користење недвижна ствар, сопственост на Општина Кочани, без надоместок на ООМУ„Ристо Јуруков“- Кочани.