Врз основа на член 33 став (1) алинеја 1 од Деловникот на Советот на Општина Кочани („Службен гласник на Општина Кочани“ бр. 5/2006, 2/20012 и 4/2015) ја свикувам 26-тата седница на Советот на Општина Кочани за 06.03.2023 година, (понеделник) во 09.00 часот, во салата на Советот на Општина Кочани ( венчална), со следниот предлог за
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Предлог- одлука за сопствено учество – кофинансирање на проектот „Реконструкција на дел од ул.Стамен Манов“
- Предлог- одлука за сопствено учество – кофинансирање на проектот „Поставување на сообраќајна урбана опрема во градот Кочани“.
- Предлог- одлука за сопствено учество – кофинансирање на проектот „Систем за греење во спортската сала во ОУ Крсте Петков Мисирков с.Оризари“.
- Предлог- одлука за утврдување на приоритет на проектот „ Изградба на ул.„563“- Лесна индустрија“.