Врз основа на член 33 став (1) алинеја 1 од Деловникот на Советот на Општина Кочани („Службен гласник на Општина Кочани“ бр. 5/2006, 2/20012 и 4/2015) ја свикувам 27-мата седница на Советот на Општина Кочани за 06 .04.2023 година, (четврток) во 11.00 часот, во салата на Советот на Општина Кочани               (венчална), со следниот предлог за

Д Н Е В Е Н    Р Е Д

  1. Извештај за реализација на Програмата за работа на Територијалната противпожарна единица на Општина Кочани во 2022 година.        
  2. Предлог- одлука за донесување на Урбанистички план вон населено место со намена Е1.13 површински соларни и фотоволтаични електрани во м.в. Страна КО Тркање и пристапен пат низ м.в. Средни рид КО Тркање и низ м.в. Сламарник и м.в. Чифлико КО Бели, Општина Кочани, плански период  2022-2027 година.
  3. Предлог- одлука за проширување на Буџетот на општина Кочани за 2023 година.
  4. Предлог- одлука за давање дизел гориво на АД Водостопанство на Република Северна Македонија- Подружница „Брегалница“-Кочани
  5. Предлог- одлука за давање финансиска помош на Доброволното противпожарно друштво- Кочани.
  6. Програма за екскурзии, излети и другите вонучилишни активности на учениците на ООУ „Раде Кратовче“- Кочани за учебна 2022/2023 година.
  7. Измена на Годишен план за вработување на ОУ„Св.Кирил и Методиј“- Кочани за 2023 година.
  8. Извештај за реализација на Програмата за изработка на урбанистички планови, урбанистичко-планска документација, и урбанистичко-проектна документација на подрачјето на Општина Кочани за 2022 година
  9. Извештај за реализација на Програмата за одржување и користење на паркови и зеленило, набавка,поставување и одржување на урбана опрема, одржување на детски игралишта и одржување на фонтаната „Зрно“ во 2022 година.
  10. Извештај за реализација на  Програмата за управување со отпад на подрачјето на општина Кочани за 2022 година.
  11. Извештај за реализација на Програмата за јавна чистота во општина Кочани за 2022 година
  12. Извештај за реализација на Програмата за одржување на сливни решетки за атмосферска канализација на подрачјето на Општина Кочани за 2022 година.
  13. Извештај за работењето на комуналните редари во општинската администрација на Општина Кочани за 2022 година.
  14. Извештај за реализација на Програмата за контрола на популацијата на бездомни кучиња на територијата на Општина Кочани во 2022 година
  15. Извештај  за реализација на Програмата за култура на Општина Кочани за 2022 година
  16. Извештај за реализација на Програмата за активностите на Општина Кочани од областа на социјална, детска и здравствена заштита за 2022 година.
  17. Предлог- Правилник за  уредување на поблиските услови, критериуми и начинот на доделување на еднократна парична помош  на социјално загрозени лица  и лица  кои се  нашле  во положба на социјален ризик
  18. Извештај за реализација на Програмата за спорт на Општина Кочани во 2022 година.
  19. Предлог- одлука за начинот на  користење и управување  на салите во општинските основни и средни училишта: ОУ„Св.Кирил и Методиј“-Кочани, ОУ„Никола Карев“-Кочани, ОУ„Крсте П. Мисирков“- Оризари, ОУ„Малина Попиванова“- Кочани  и СОУ „Гошо Викентиев
  20. Извештај за реализација на Програмата за поддршка на образованието во Општина Кочани во 2022 година.
  21. Извештај за реализација на Програмата за активностите на општина Кочани во областа на локалниот економски развој во 2022 година.
  22. Извештај за реализација на Програмата за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести во 2022 година
  23. Извештај за реализација на Програмата за одржување на локални патишта и улици на подрачјето на Општина Кочани во зимски услови за 20201/20232 година                              
  24. Извештај за реализација на Програмата за информатичка и комуникациска технологија на општина Кочани за 2022 година
  25. Извештај за реализација на Програмата за активностите на Општина Кочани во областа на  заштитата на животната средина во 2022 година
  26. Информација за квалитетот и здравствената исправност на водата за пиење од системот за водоснабдување                  
  27. Извештај за работењето на КЈП „Водовод“ – Кочани во 2022 година               
  28. Завршна сметка на КЈП „Водовод“ – Кочани за 2022 година
  29.   Ценовник на услуги на КЈП Водовод Кочани.
  30.  Предлог- одлука за утврдување месечен надоместок на преседателот и на членовите на Управниот одбор на КЈП „Водовод“- Кочани.
  31. Давање согласност на Одлука за измена и дополнување на Одлука за основање на подружница на КЈП„Водовод“- Кочани.
  32. Извештаи за работењето на овластените  инспектори на Општина Кочани во 2022 година ( овластен инспектор за патен сообраќај, овластен инспектор за животна средина и овластен комунален инспектор)
  33. Извештај за работењето на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во Кочани за 2022 година.
  34. Извештај за реализација на Локалниот акциски план за еднакви можности на жените и мажите  за 2022 година.
  35. Извештај за реализација на Програмата за комуникација на општина Кочани за 2022 година.
  36. Предлог- одлука за формирање Совет за женско претприемништво за општините Кочани, Виница и Зрновци.
  37. Предлог- одлука за покренување постапка за ажурирање на Процената на загрозеност на подрачјето на Општина Кочани од од сите ризици и опасности.
  38. Предлог- решение за дополнување на Решение за формирање Општински совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на подрачјето на општина Кочани.