Врз основа на член 33 став (1) алинеја 1 од Деловникот на Советот на Општина Кочани („Службен гласник на Општина Кочани“ бр. 520/06, 220/012 и 4/2015) ја свикувам 2-рата седница на Советот на Општина Кочани за 15.11.2021 година (понеделник) во 12:00 часот, во Мултикултурниот центар- Кочани, со следниот предлог за
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Предлог- програма за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општина Кочани за 2022 година.
- Предлог- програма за изградба и одржување на општински патишта и улици во општина Кочани за 2022 година.
- Предлог- програма за изградба на фекална и атмосферска канализација на подрачјето на општина Кочани за 2022 година.
- Предлог- програмата за изградба на системи за водоснабдување на подрачјето на Општина Кочани за 2022 година
- Предлог-програма за работа во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на општина Кочани за 2022 година.
- Предлог- програма за на јавно осветлување во општина Кочани за 2022 година.
- Предлог- програма за изградба на објекти за домување на лица од социјален ризик за 2022 година.
- Предлог- програма за изградба и реконтрукција на речно корито на Кочанска река за 2022 година.
- Предлог- план на програми за развој на општина Кочани за период 2022-2024.
- 10. Предлог- програма за изменување на Програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општина Кочани за 2021 година.
- Предлог- програма за изменување на Програмата за изградба и одржување на општински патишта и улици во општина Кочани за 2021 година.
- 12. Предлог- програма за изменување на Програмата за изградба на објекти за домување на лица од социјален ризик за 2021 година.
- Предлог- програма за изменување на Програмата за изградба и реконтрукција на речно корито на Кочанска река за 2021 година.
- 14. Предлог- програма за изменување на Програмата за активностите на Општина Кочани во областа на локалниот економски развој во 2021 година
- Предлог- план за изменување на – Планот на програми за развој на општина Кочани за период 2021-2023.
- Изменување и дополнување на Буџетот на Општина Кочани за 2021 година (ребаланс).