Врз основа на член 33 став (1) алинеја 1 од Деловникот на Советот на Општина Кочани („Службен гласник на Општина Кочани“ бр. 5/2006, 2/2012 и 4/2015), ја свикувам 19-тата седница на Советот на Општина Кочани за 29.10.2022 година (сабота), со почеток во 11.00 часот, во салата на Мултикултурниот центар, со следниот предлог за
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Давање согласност на Одлука за промена – зголемување на цената на м3 геотермална вода,
- Статутарна одлука за измена и дополнување на Статутот на КЈП Водовод Кочани
- Одлука за основање на подружница на КЈП Водовод Кочани
- Годишен план за вработување во КЈП„Водовод“- Кочани за 2023 година.
- Извештај за финансиското работење на КЈП„Водовод“- Кочани во период од 01.01.2022 до 30.09.2022 година.
- Предлог- програма за изменување на Програмата изработка на урбанистички планови и урбанистички проекти на подрачјето на Општина Кочани за 2022 година
- Предлог- програма за изменување и дополнување на Програмата за јавно осветлување во Општина Кочани за 2022 година
- Предлог- програма за изменување на Програмата за изградба и одржување на општински патишта и улици во општина Кочани за 2022 година
- Предлог- програма за изменување на Програмата за изградба на фекална и атмосферска канализација за 2022година
- Предлог- програма за изменување на Програмата за изградба на системи за водоснабдување на подрачјето на Општина Кочани за 2022година
- Предлог- програма за изменување на Програмата за изградба на објекти за домување на лица од социјален ризик во општина Кочани за 2022 година
- Предлог- програма за изменување на Програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општина Кочани за 2022 година
- Предлог- план за изменување на Планот на програми за развој на општина Кочани за период 2022-2024 година.
- Предлог- одлука за изменување и дополнување на Одлуката за сопствено учество – кофинансирање на проектот „Опремување на Мултикутурниот центар“.
- Изменување и дополнување на Буџетот на Општина Кочани за 2022 година (ребаланс),
- Извештај за извршување на Буџетот на Општина Кочани за период III квартал 2022 година
- Предлог- одлука за давање на стопанисување на јавното осветлување на подрачјето на Општина Кочани.
- Ценовник за изменување на Ценовникот за користење на салaтa во СОУ„Гошо Викентиев“-Кочани
- Предлог- Решение за рарешување и именување член на Училишен одбор на OОУ„Никола Карев“- Кочани.