Врз основа на член 33 став (1) алинеја 1 од Деловникот на Советот на Општина Кочани („Службен гласник на Општина Кочани“ бр. 5/2006, 2/2012 и 4/2015), ја свикувам 18-тата седница на Советот на Општина Кочани за 30.09.2022 година, (петок), со почеток во 09.00 часот, во салата на Мултикултурниот центар, со следниот предлог за
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Извештаи за работењето на општинските средни училишта за учебната 2021 -2022 година,
- Годишни програми за работа на општинските средни училишта за учебната 2022 – 2023 година,
- Годишен план за вработување на ЈОУ Библиотека „Искра“- Кочани за 2023 година,
- Годишен план за вработување на ООМУ„Ристо Јуруков“ Кочани за 2023 година,
- Годишен план за вработување на ЈОУДГ „Павлина Велјанова“- Кочани за 2023 година,
- Извештај за работењето на ЈОУДГ„Павлина Велјанова“- Кочани за 2021-2022 година,
- Предлог- програма за работа на ЈОУДГ„Павлина Велјанова“- Кочани за 2022-2023 година,
- Давање согласност на Одлука за промена – зголемување на цената на м3 геотермална вода,
- Предлог- одлука за давање на времено користење делови од недвижна ствар без надоместок на Министерството за одбрана-Одделение за одбрана Кочани,
- Изменување и дополнување на Буџетот на Општина Кочани за 2022 година (ребаланс),
- Полугодишна информација за состојби и условии во кои се одвиваше работата на ОВР-Кочани за првото полугодие од 2022 година.
- Ценовник за изменување на Ценовникот за користење на салите во градот Кочани дадени на користење и управување на ОУ„Св. Кирил и Методиј“ – Кочани и ОУ „Никола Карев“ – Кочани,
- Ценовник за изменување на Ценовникот за користење на салaтa во СОУ„Гошо Викентиев“-Кочани
- Ценовник за изменување на Ценовникот за користење на салaтa во ОУ „Малина Попиванова“- Кочани.
- Предлог- Решение за рарешување и именување член на Училишен одбор на СОУ„Гошо Викентиев Кочани од основачот,
- Предлог- Решение за рарешување и именување член на Училишен одбор на OОУ„Никола Карев“- Кочани.
- Иницијатива за изработка на Физибилити студија за основање јавно претпријатие за производство и продажба на електрична енергија.
- Иницијатива заразвој и примена на системско и одржливо решение за обезбедување храна за лицата кои живеат во сиромаштија како и достава на храна до тешко подвижни лица.