Вечерва (30 септември 2021 г.), со почеток во 19 ч., во салата на Мултикултурниот центар – концерт на триото „Интермецо“.
Александра Коцевска (мецосопран), Богдан Пејиќ (гитара) и Божидар Пејиќ (виолончело) ќе настапат со дела од Бах, Де Фала, Бизе и др.
Настанот е дел од манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“ и ќе се спроведе според протоколите за заштита и спречување на ширење на коронавирусот.
