Во рамките на подготовките на 27. издание на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“, кое годинава ќе се одржи на 27, 28 и 29 септември, Општина Кочани како организатор го објави повикот за учество во Изборот на жетварска убавица.
Според пропозициите, на конкурсот може да се пријават девојки кои се жители на општина Кочани и се на возраст од 15 до 20 години, а во изборот може да учествуваат најмногу 15 учеснички.
Пријавувањето е од 6 до 12 септември 2018 година во Општина Кочани.
Пријавувањето е од 6 до 12 септември 2018 година во Општина Кочани.
Изборот на жетварска убавица со годините прерасна во уметнички перформанс со кој симболично се слави оризовата жетварка, жената што според традицијата ја започнува жетвата.
Со овој настан ќе започнат „Деновите на кочанскиот ориз – 2018“, чии содржини главно ќе бидат лоцирани во Градскиот парк во Кочани.