Во рамките на партиципативното планирање на Буџетот на Општина Кочани за 2017 година, на буџетскиот форум, поконкретно на петте форумски сесии, кои се одржаа во периодот од од 6.10. 2016 до 14.12.2016 година, граѓаните имаа можност со своето партиципативно учество да придонесат во креирањето на Буџетот за 2017 г. преку давање на нивни предлози – решенија, за тоа што тие сметаат дека е најпотребно и најприоритетно за локалната заедница и го предлагаат да се реалиизра следната година.

На петата форумска сесија беа приоретизирани триесте избрани форумски приоритети – проекти, кои форумот ги предложи до општината да станат составен дел на буџетот и програмите на општината за следната година и со тоа и бидат реализирани.

Поектот за * Изградба на кружен тек на дуплиот мост * беше избран за најприоритетен проект од страна на учесниците на 5-та форумска сесија од буџетскиот форум што се спроведе во Кочани.

Овој проект доби најголема поддршка од граѓаните во процесот на приоретизирање на вкупно 30 проекти, кои претходно беа претселектирани од страна на Работната група на форумот.

Според поените на работните маси, во табелата подолу е дадена приоретизацја на триесте проекти предложени до општината за реализација следната година.

Проет

Буџет бодови

1. Изградба на кружен тек на дуплиот мост 42,000,000 ден. 267

2. Уредување на тротоарите со бекатон плочки во нас.Стришани 400,000 ден. 233

3. Набавка на заштитна опрема „Темпекс“ за потребите на ТППЕ Кочани 800,000 ден. 218

4. Сите тротоарски површини во централното градско подрачје да бидат прилагодени за инвалидски и детски колички 100,000 ден. 201

5. Да се обезбеди затоплување во спортската сала Соколана (Партизан) 1,000,000 ден. 196

6. Санација и реконструкција на атмосферската и фекална канализација која се влева во Кочанска Река кај градскиот плоштад (истата предизвикува непријатна миризба и загадување на животинскиот свет) 100,000 ден. 192

7. Асфалтирање на влезот во село Оризари 175

8. Уредување на влезот на градот на потегот од бензинските пумпи до центарот на градот со цветни аранжмани 100,000 ден. 173

9. Уредување на училишниот двор во ОУ „Никола Карев“ 10,000 ден. 172

10. Реконструкција на канализациона мрежа во нас.Трајаново трло кај Вила вонград 300,000 ден. 169

11. Урбанистичко уредување на просторот позади СОУ „Гошо Викентиев“ м.в Пазарски пат за поврзување и од оваа страна на село Оризари со град Кочани Во зависност од површина 169

12. Завршување за уредување на кејските улици во село Оризари. 150,000 167

13. Реконструкција на ул. „14-та Бригада“ 400,000 ден. 164

14. Изградба на риболовна патека околу брана Гратче и порибување на истата 80,000 ден. 159

15. Изработка на техничка документациа за реконструкција на канализациона мрежа во село Тркање 157

16. Програмата да се прошири во делот на лекови за одобрување на ортопедски помагала за лица кои немаат шест месечен континуитет на здравствено осигорување 100,000 ден. 153

17. Изградба на детски парк во нас.Белско маало (на просторот на стриот парк) 100,000 ден. 150

18. Обележување на пешачки премин кај главниот влез на ОУ „Св. Кирил и Методиј“ 10,000 149

19. Приклучување на фекалната канализациона мрежа на семејните куќи кои се наоѓаат на крајните делови во висока зона од ул. „14-та Бригада“ 1,000,000 ден. 144

20. Уредување на просторот на потегот од градскиот стадион до градскиот базен (уредување на паркинг просторот со осветлување, тротоари, корпи за отпад и клупи за седење) 150,000 ден. 137

21. Реконструкција на водоводната мрежа на ул.Плачковица и ул.Гошо Викентиев 1,200,000 ден. 135

22. Асфалтирање на улицата „Карпошово востание“ 2,100,000 132

23. Асфалтирање на улицата „Креснеско востание“ 2,700,000 127

24. Изградба на тротоарот на ул. „Мородвиска Епископија“ 200,000 ден. 126

25. Изградба на заштитна ограда на ул. „Кирил и Методиј“ 50,000 ден. 124

26. Поставување на автобуска постројка во село Грдовци 30,000 110

27. Подршка и организација на спортската манифестација боречкиот турнир Андонов-Колев 30,000 ден. 96

28. Изградба на фекална канализација во м.в Керамидница 2,000,000 ден. 94

29. Асфалтирање и пробивање на улицата „Мишо Арсов“ на потегот до патот за село Полаќи Од Влада на РМ 85

30. Набавка на полначи за електрични автомобили 1,200,000 ден. 76

Од вкупно 14 селектирани буџетски програми, пак, најголема поддршка доби програмата за Образование на Општина Кочани за 2017 година.

1. Програма за образование во општина Кочани за 2017 година 219,990,000 ден. 124

2. Програма за изградба и реконструкција на улици и патишта во општина Кочани за 2017 година 71,790,000 ден. 104

3. Програма за развој на спортот во општина Кочани за 2017 година 2,050,000 ден. 93

4. Програма за Изградба на фекална канализација во општина Кочани за 2017 година 9,000,000 ден. 90

5. Програма за уредување на градежно земјиште во општина Кочани за 2017 година 16,500,000 ден. 83

6. Програма за култура во општина Кочани за 2017 година 3,400,000 ден. 83

7. Програма за Изградба на водоводна мрежа во општина Кочани за 2017 година 2,000,000 ден. 77

8. Програма за остварување на заштита на животната средина во општина Кочани за 2017 година 2,099,000 ден. 72

9. Програма за остварување на социјална и детска заштита во општина Кочани за 2017 година 1,150,000 ден. 65

10. Програма за противпожарна заштита во општина Кочани за 2017 година 1,050,000 ден. 62

11. Програма за уредување на просторот во руралните подрачја во општина Кочани за 2017 година 3,000,000 ден. 59

12. Програма за енергетска ефикасност во општина Кочани за 2017 година 22,750,000 ден. 57

13. Програма за изработка на урбанистички планови во општина Кочани за 2017 година 2,700,000 ден. 53

14. Локален акциски план за еднакви можности на жените и мажите во општина Кочани за 2017 година 270. 000 ден. 28

Секретарот на Општина Кочани господинот Петар Апостолов им се заблагодари на граѓаните за нивното активно учество во буџетскиот форумски процес и за придонесот во креирањето на општинскиот буџет за 2017 година. Секретарот вети дека општината ќе направи напори да ги реализира најприоритетните 30 проекти произлезени од буџетскиот форумски процес, како и останатите приоритетни предлози – проекти произлезени од форумот а кои не влегоа во 30 приоретизирани проекти, и кои како препораки во име на општината ги прими од страна на граѓаните на форумот.

.Работна група на проектот ќе го следи спроведувањето на приоритетните програми и проекти на буџетскиот форум, а на шестата форумска сесија, која треба да се одржи во февруари 2017 година, општината треба да даде отчет за реализираните форумски одлуки.