14 декември 2016 (среда), со почеток во 18 часот, во ресторан ,,Аква – Парк,, Кочани ќе се одржи петтата сесија од Буџетскиот форум на заедницата во Општина Кочани.

Во изминатите четири сесии граѓаните беа запознаени со процесот на буџетирање и со структурата на Буџетот на општината.

Исто така граѓаните – учесници во Буџетскиот форум заедно со општинската администрација работеа и на предлози и можности за зголемување на приходите на Општината за 2017, а помеѓу сесиите успешна работа имаше и работната група за расправа на трасходите по буџетските програми на општината, составена од претставници од секоја маса и од претставници на локалната самоуправа.

На дневен ред на петата сесија, пред граѓаните – форумот се резултатите од претходните четири сесии кои ќе бидат предмет на гласање , а со тоа се завршува и процесот во кој граѓаните учествуваат во креирање на Буџетот.

Приоретизираните Програми и проекти од оваа сесија ќе бидат предмет на понатамошна обработка на општинските служби , а очекувањата се дека Буџтеот на Општина Кочани ќе биде усвоен во законскиот рок до 31 декември 2017 година.

Последната последователна сесија ќе се одржи во февруари 2017 година на која граѓаните на Кочани ќе бидат информирани за резултатот на седницата на советот на која ќе биде усвоен Буџетот .

Да напоменеме дека , Општина Кочани го реализира проектот „ Форуми во заедницата“, кој има за цел да го зајакне граѓанското учество во процесот на одлучување на локално ниво, да се подобрат партнерствата помеѓу локалните субјекти и да се изнајдат поефикасни решенија за проблемите од интерес на целата заедница.

„Буџетскиот форум“ е форма преку која граѓаните , заедно со органите на општината и општинската администрација а го креираат Буџетот на Општина Кочани за 2017 година.

Проектот е поддржан од Швајцарската агенција за соработка и развој (SDC) , Заедницата на единиците на локалната самоуправа ( ЗЕЛС ) и Единиците за координација на форумите (ЕКФ)