Двете страни се согласија идната соработка да се реализира во утврдување на можните заеднички интереси, размена на искуства и добри практики во управувањето на локалните самоуправи, во примената на регулативите на ЕУ и развивање на соработката во подготовка и поднесување на заеднички предлози пред фондовите на Европската унија и другите донаторски програми.
Меморандумот предвидува воспоставување соработка и размена на искуства во областа на комуналните услуги, обезбедени од локалните жители, во искористувањето на обновливите извори на енергија, подобрување на енергетската ефикасност и заштитата на животната средина, како и за унапредување и зајакнување на соработката меѓу локалните мали и средни претпријатија.
На потпишувањето на меморандумот во Кочани, присуствуваше и амбасадорот на Република Романија во Македонија, Јустинијан Фокша.
Меморандумот се базира на искрено пријателство, заедничка доверба и братски односи на надлежните органи и жителите на двата града, кои ќе доведат до подобро запознавање со традицијата, културата и историјата на двете земји – Македонија и Романија.