Градоначалникот Ратко Димитровски и раководителката на Одделението за јавни дејности, Голубинка Георгиева ги врачија наградите на најуспешните екипи од училишната лига во кошарка во машка и женска конкуренција.

Во машка конкуренција првото местo ѝ припадна на екипата на ОУ „Св. Кирил и Методиј“, втора е „Малина Попиванова“, а по нив „Никола Карев“ и „Раде Кратовче“.

За најдобар кошаркар во лигата е прогласен Андреј Данилов од тимот на „Св. Кирил и Методиј“.

Во женска конкуренција најуспешни беа девојчињата од ОУ „Никола Карев“, пред „Малина Попиванова“, „Св. Кирил и Методиј“ и „Раде Кратовче“.

За најуспешна кошаркарка во лигата беше прогласена Бојана Попова од екипата на „Никола Карев“.