По повод Денот на македонската револуционерна борба, градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев упати честитка во која се вели:
„Денешниот празник потсетува на историските корени на борбата на македонскиот народ за слобода и самобитност. Идеалите на револуционерите нека бидат водилка во современото живеење, за континуирани лични и општествени промени што водат кон подобар свет.“
По повод празникот, делегации од Општина Кочани, Советот на Општина Кочани, од Сојузот на борците од НОВ и партиски делегации положија свежо цвеќе на Споменикот на слободата.