На 30 јули 2020 година (четврток), во 9 часот во Спомен-домот „АСНОМ“, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи 41. седница, со следниот предлог-дневен ред:
- Годишен извештај за работењето на Центарот за развој на Источниот плански регион за 2019 година
- Годишен извештај за спроведување на Програмата за развој на Источниот плански регион 2015 – 2019 за 2019 година
- Информација за работата на НУ Центар за култура „Бели мугри“ – Кочани за 2019 година и Програма за работа на НУ Центар за култура „Бели мугри“ – Кочани за 2020 година
- Годишен план за вработување на СОУ „Гошо Викентиев“ – Кочани за 2021 година
- Годишен план за вработување на СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани за 2021 година
- Годишен план за вработување на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Кочани за 2021 година
- Годишен план за вработување на ООУ „Никола Карев“ – Кочани за 2021 година
- Информација во врска со одржувањето на ДАФ во Кочани – 2020 година
- Проекција за користење на водата за пиење во сезоната пролет-лето 2020 година, од системот за водоснабдување на град Кочани
- Информација за состојбата со дивите депонии во градот и населените места со предлог-мерки за нивно разрешување
- Извештај за финансиското работење на КЈП „Водовод“ – Кочани од 1.1.2020 година до 30.6.2020 година
- Информација за заштита на шумите од пожари и бесправна сеча на подрачјето на општина Кочани
- Информација за состојбата со боровиот четник на подрачјето на општина Кочани
- Информација за узурпираното државно земјиште (речни корита, канали и патишта) на подрачјето на општина Кочани
- Информација за извршување на пролетната сеидба на подрачјето на општина Кочани во 2020 година
- Информација за состојбата на општинската патна мрежа на подрачјето на општина Кочани
- Извештај за реализација на Програмата за работа во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на општина Кочани во периодот од 1.1.2020 година до6.2020 година
- Извештај за работењето на комуналните редари во општинската администрација во Општина Кочани за периодот од јануари до јуни 2020 година
- Извештај за извршување на Буџетот на Општина Кочани за II квартал од 2020 година
- Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за изградба и одржување на општинските патишта и улици во општина Кочани за 2020 година
- Предлог-програма за изменување на Програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на општина Кочани за 2020 година
- Предлог-програма за изменување на Програмата за изградба на системи за водоснабдување на подрачјето на Општина Кочани за 2020 година
- Предлог-одлука за измена на распоред на средства во Буџетот на Општина Кочани за 2020 година
- Предлог-план за изменување и дополнување на Планот на програми за развој на општина Кочани за период од 2020 – 2022 година
- Предлог-план за изменување и дополнување на Годишниот план за јавни набавки на Општина Кочани за 2020 година
- Предлог-одлука за сопствено учество-кофинансирање на проектот Реконструкција на дворот на ОУ „Малина Поп Иванова“ – Кочани
- Предлог-правилник за изменување и дополнување на Правилникот за уредување на поблиските услови, критериуми и начинот на доделување на еднократна помош во вид на социјални пакети за новородени деца од социјално загрозени семејства, жители на општина Кочани
- Предлог-одлука за давање согласност за ослободување од партиципација на деца Роми што се во социјален ризик на возраст од 3 до 6 години за престој во ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани за учебната 2020/21 за имплементација на Проектот „Инклузија на деца Роми предучилишно образование“
- Предлог-програма за дополнување на Програмата за поставување на урбана опрема на подрачјето на општина Кочани
- Предлог-одлука за дополнување на Одлуката за резервирани средства за експропријација согласно Програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на Општина Кочани за 2020 година
- Предлог-одлука за донесување урбанистичко-планска документација за вклопување бесправно изградени објекти изградени надвор од планскиот опфат за: КП бр.16581 КО Кочани, КП бр.4446/1 КО Кочани
- Предлог-одлука за донесување урбанистичко-планска документација за усогласување на намената за КП бр. 4773/1 КО Кочани
- Предлог-одлука за донесување урбанистичко-планска документација за вклопување на бесправно изградени објекти, надвор од планскиот опфат за: КП бр. 707/1 КО Лешки, КП бр.1646 КО Нивичани, КП бр.1005 КО Пантелеј, КП бр.677 КО Речани, КП бр.568/2 КО Вранинци, КП бр.680 КО Пантелеј, КП бр.1422 КО Нивичани, КП бр.37/1 КО Лешки, KП бр.418/1 КО Пашаџиково.