Поради градежните активности што се одвиваат на патот  Р1309 Кочани – Пониква и  времениот прекин на сообраќајот до Градската депонија, отежнат е транспортот и на комуналниот отпад.

Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ ги известува граѓаните дека собирањето на  отпадот од контејнерите и од индивидуалните домаќинства ќе се одвива во попладневните и вечерните часови.

Надлежните служби од КЈП „Водовод“ ги повикуваат граѓаните да имаат разбирање за тековната ситуација.